Официјално четворица кандидати во трка за претседател на Русија
Четворица кандидати ќе учествуваат на изборите за претседател на Русија во март, изјави денеска претседателката на руската Централна изборна комисија (ЦИК) Ела Памфилова.
Официјално кандидати се: Владимир Путин (независен кандидат), Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков (Нови луѓе) и Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација).
Памфилова изјави дека денеска заврши одреден циклус и дека имињата на четворица кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче, бидејќи ЦИК на седницата одби да ги пријави Борис Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска, пренесе РИА Новости.
Надеждин најави дека ќе се жали на таа одлука до Врховниот суд. Советот на Федерацијата закажа претседателски избори во Русија за 17 март 2024 година..
Гласањето ќе трае три дена, односно 15, 16 и 17 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа