Официјално: Арнаутовиќ си ја доби казната за навредите кон Алиоски
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука и го суспендира Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар на Австрија, поради пцовки на натпреварот против Македонија кон други играчи.
По постигнат гол, Арнаутовиќ славеше бурно и кажа недолични зборови кон Езџан Алиоски. УЕФА ја разгледа снимката по пријава на ФФМ, па му изрече суспензија на напаѓачот од еден натпревар.
Така, Арнаутовиќ ќе го пропушти дуелот против Холандија на ЕП 2020, а ќе може да игра во последното коло од групната фаза. Арнаутовиќ мина добро, иако казната можеше да биде уште построга.
16.06.2021 - 14:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа