Одморот од рајот во Италија се претворил во хорор филм: Ќерка со глисер го прегазила татка си
На маж од Велика Британија морале да му ја ампутираат ногата откога бил прегазен од глисер управуван од ќерка му, која наводно го ставила во рикверц наместо да оди напред, додека биле на одмор во Италија.
Ќерката управувала со чамецот во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија кога го прегазила и тешко го повредила.
Во целосен шок таткото итно бил пренесен во болницата „Сасари“, каде што лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.
Медицинскиот персонал немал друг избор, освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.
Инаку, Канигионе е мало крајбрежно гратче на Сардинија покрај популарната Коста Смералда, со живописна плажа со златен песок и кристално чисто море.
Поранешното рибарско село на североисточниот дел на Сардинија, меѓу другото, е многу популарно место за нуркање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа