Носам бомба на мене: Вооружен маж држи 7 заложници во американската фабрика P&G во Турција поради војната во Газа

 

Голем број полициски екипи се испратени во фабриката Procter & Gamble (P&G) во северозападната турската област Гебзе во Коџаели, откако вооружено лице наводно ги зело работниците како заложници, јави Си-Ен-Ен Турк.

Турски медиуми јавуваат дека лицето зело седум заложници во знак на протест против војната во Газа. Се наведува дека осомничениот тврди дека на себе има бомба.

Во регионот се испратени многу полициски сили, жандармерија, здравствени и противпожарни екипи.

Додека траат напорите да се убеди лицето да ги ослободи вработените, улицата е затворена за сообраќај и преземени се безбедносни мерки. Се наведува дека во регионот дошол и гувернерот на Коџаели Седар Јавуз и го следи случајот.

01.02.2024 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега