Нормализирано водоснабдувањето на улиците „Радишани“ и „Жегљане“

 

Водоснабдувањето на улиците „Радишани“ во општина Бутел и „Жегљане“ во општина Гази Баба е нормализирано, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Оттаму дополнуваат дека санирањето на дефектот на приклучна цевка на крак 30/32б на улица „Радишани“ во општина Бутел е завршен, а водоснабдувањето е нормализирано во 14 часот.

Санирањето на уличниот дефект од Ф-125 на улица „Жегљане“ бр.47 во општина Гази Баба е, исто така, завршен, а водоснабдувањето е нормализирано во 16:30 часот. 

24.08.2022 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега