Направете си пијалок за јакнење на срцето
Ова е уште еден рецепт од низата кои традиционално се користат и се пренесуваат од колено на колено за зајакнување на кардиоваскуларниот систем.
За овој лек ви се потребни :
- три лимони
- мед
- половина литар вотка
- каранфилче
Прво сомелете ги лимоните во специјална машина заедно со лушпата. Потоа додаете ги каранфилчињата кои претходно сте си сомлеле во прав, па ставете 100 грама мед и половина литар вотка. Сето тоа помешајте го добро и ставете го во голема тегла. Добро затворете ја и оставете мешавината да стои 10 дена. Потоа процедете го пијалокот и додаете му вода за да добиете три литри течност.
Пијте по три големи лажици пред секое јадење од овој пијалок. Резултатите ќе ги заbележите по еден месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа