„Прв до врв“ традиционално на Водно

 

 

„Прв до врв“ е манифестацијата со која денеска скопјани, со планинарење и на велосипед, ќе го прослават постоењето на планината Водно и ќе одбележат три години од почетокот со работа на жичницата „Милениумски крст“.

Организатори на манифестацијата се Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Град Скопје, Атлетската и Велосипедската федерација на Македонија.

 

На спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“ предвидени се трки во планинско трчање, велосипедизам и пикник на врвот на планината. Најмасовен дел на „Прв до врв“ е трката во планинско трчање, во која спортисти и рекреативци ќе тргнат од основното училиште „Кочо Рацин“ до врвот на Водно. Велосипедистите ќе се натпреваруваат стартувајќи од Музејот на Град Скопје до врвот на Водно.

 

Во забавниот дел е предвидено да се одржи доделување награди за најдобрите, музичка програма со настапи во живо на ди-џеи и настап на музичката група South park.

 

На манифестацијата можат да учествуваат сите граѓани, на возраст од седум до 77 години, во машка и во женска конкуренција. Натпреварувачите до вчера можеа да се пријават и да го подигнат натпреварувачкиот пакет со својот број и маичка на специјално поставениот двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на плоштадот „Македонија“.

На манифестацијата на врвот на Водно кај Милениумскиот крст напладне ќе се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој воедно и ќе ги додели наградите за најуспешните натпреварувачи.

01.06.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега