Македонија минимално поразена од Хрватска во футсал

 

Нашите македонски избраници во А футсал футсал доживеаа мининален пораз од 4:3 против хрватската селекција во првата од двете контролни пресметки во хравтски Водице. 

За нашата селекција стрелци на погодоците беа Ранготов, Мицевски и Левески, а според селекторот Васко Скендеровски, нашата селекција одиграла еден од најдобрите натпревари во последните неколку години.

-Одигравме одличен натпревар, навистина штета што и резултатски сето тоа не го валоризиравме. Против една од најдобрите европски репрезентации имавме контрола и процентуално многу поголем посед на топка, во текот на целиот натпревар игравме пресинг, создадовме многу шанси за погодок, но за жал не реализиравме за евентуална победа или реми. Од друга страна, примивме лесни погодоци по наши грешки, а кон крајот од пресметката судиите беа тенденциозни, не дозволуваа да бидеме поагресивни во одбраната. Како и да е, задоволен сум од прикажаната игра, шанса за настап добија сите 12 играчи и се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и на вториот натпревар, изјави Скендеровски.

Македонската А футсал репрезентација настапува во Водице како дел од подготовките за квалификациите за Европското во Србија.

ГОЛМАНИ: Мирослав Тодоровски (Железарец), Илчо Удовалиев (Железарец)
ОДБРАНА: Левески Зоран, Глигоров Александар, Агуси Ферид, Крстевски Иван (Железарец), Петровски Ненад (Скопје),Трајче Трајков (Велес), Златковски Кристијан (Биџо)
НАПАД: Оливер Јовановски,Тодоровски Мартин, Џо Арсовски (Железарец), Дарко Ранготов и Адријан Мицевски (Сквер, Хрватска), Леовски Игор (Железарец ) и Драган Петровиќ (Скопје)

13.05.2014 - 15:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега