Червар негира дека си заминува од Металург
Првиот човек на клупата на Металург Лино Червар, за Екипа ги негираше шпекулациите за негово заминување од тимот од Авто Комнада.
-Тоа се обични шпекулации, изјава беше извадена од контекст и потоа предизвика бура од реакции. За повеќе да се чита, мора да е жолт печат, токму тоа беше случај и со моето последно интервју за хрватските медиуми. Сепак, можам да кажам дека најавите за мое заминување од Металург се апсолутно неточни, јас сум среќен овде и веќе го планирам тимот за следната натпреварувачка сезона, изјави Червар.
Червар исто така ги негираше шпекулациите дека Игор Вори следната сезона ќе го носи дресот на Металург. Червар вели дека преговарале со неколку интересни имиња, но меѓу нив не бил Вори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа