ВИДЕО: Близначиња се родија држејќи се за рака
Девојчињата Џена и Џилијан се еднојајчани близанчки, а нивната мајка два месеци пред породувањето лежела во болница. Девојчињата ги изненадиле родителите и лекарите бидејќи од стомакот ги извадиле како се држат за рака.
Сара Тилствејт од американскиот Охајо роди идентични близаначки кои осум месеци ја делеле постелката и водењакот (мон - моно близаци).
Девојчињата не се раздвоиле ни при породувањето. Лекарите тоа го објасниле како многу ретка појава, една во 10.000 случаи, а гинекологот кој ја водел бременоста и рекол на Сара дека во својата 40 годишна пракса, видел помалку од 10 такви случаи.
Лекарите и родителите се воодушевени од девојчињата кои дошле на свет со царски рез но држејќи се за ракаLekari i roditelji su oduševljeni devojčicama koje su došle na svet carskim putem ali držeći se za ruke.
-Веќе се најдобри пријателки. Не можам да веривам дека се држеа за рака, а тоа е вистинско чудо - изјави Сара. Додаде дека таа и сопругот Бил биле воодушевени што ќе добијат близанци, но се загрижиле ког алекарите ки ја следеле бременоста спомнале и можни компликации.
Според нив, близанците кои растат во иста постелка постои опасност од испреплетување на папочните врвци, а може да се случи едно бебе да прима повеќе, а другото помалку храна.
За среќа новородените Џена и Џилијан се здрави, но ќе останат во болница уште некое време, зошто двете заедно тежеле околу 4 килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа