Скок на македонските тенисери на АТП листата
Нашите тенисери и покрај тоа што паузираа во рамките на Дејвис купот и останатите неколку турнири, сепак успеаа да се искачат за неколку места на АТП листата.
Димитар Грабул со 67 поени се проби на 505.та позиција што е негов најдобар ранг.
Томислав Јотовски е на 714.то место со 32 поена, со што го изедначи својот најдобар пласман.
Шендрит Деари се наоѓа на 1.142 место (7 поени), додека Бесир Дургути е на 1.506 место (3 поени).
Најголем скок од 457 места има Стефан Мицов, кој со 2 поена се наоѓа на 1.641 место. Мицов и следната недела ќе има напредок откако ќе му биде впишан уште еден поен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа