МКФ ги утврди казните за Работнички и Куманово

 

По еден меч суспензија и парична казна од 40.000 денари заработија центарот и тренерот на Куманово, Урош и Љубисав Луковиќ, по синоќешната тепачка која се случи на почетокот на третиот период во рамките на кошаркарската Супер лига од 8 коло. 

Казнет е и репрезентативецеот на Работнички Дарко Соколов кој нема да може да настапи за клубот од Центар во наредните три наптревари. Ова го реши денеска комисијата за наптреварување на Макеоднската кошаркарска федерација МКФ).

Суспензија од еден натпревар заработија и помошник-тренерот на „центарци“, Панче Милевски, како и сите учесници во инцидентот. Играчите кои беа инцијатори на тепачката дополнително се казнети со по 30.000 денари додека тренерите кои учетвуваа во неа со по 10.000 денари.

Покрај паричната казна за „тепачите“, Работнички е казнет со уште 34.000 денари поради навивачите и тоа поради фрлање тврди и меки предмети како и петардни, но и поради истакнување транспарент со навредлива содржина. Згора на тоа, управата на 14-кратниот шампион ќе треба да плати дополнителни 6.000 денари за техничките грешки на Димитар Мираковски и Владимир Брчков, што вкупната казна за вчерашната средба ја искачува на дури 80.000 денари.

ФОТО: спортмедиа.мк

09.05.2014 - 19:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега