ФОТО/ВИДЕ: Ви се допаѓаат ли новите дресови на Баерн Минхен?
Европскиот шампион Баерн Минхен, деновиве ги промовираше своите нови дресови, кои ќе ги носат играчите на баварскиот тим во следната сезона. Од сликите може да се забележи дека станува збор за значителна промена во однос на досегашната еднобојна гарнитура.
Дресот има вертикални црвено-сини линии, а тие се практично копија на гарнитурата која Баерн Минхен ја носеше пред 18 години.
Таа година Баварците го освоија Купот на УЕФА откако во финалето беа подобри од францускиот Бордо.
09.05.2014 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа