Атланта има желба да го задржи Антиќ
Нашата кошаркарска ѕвезда Перо Антиќ најверојатно ќе игра за Атланта и во наредната сезона, по фантастичниот учинок кој што го оствари во својата деби сезона во најсилната кошаркарска лига. Тој оствари 7 поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции по меч со реализација од 42% од шутеви од игра.
Постои голема веројатност македонскиот кошаркар Перо Антиќ и следната сезона да го носи дресот на Атланта.
Антиќ со неговата игра и учинокот ги исполни очекувањата на првите луѓе на тимот и стручниот штаб, па се очекува Атланта да ја активира опцијата 1+1, односно да му го продолжат договорот на уште една сезона.
Според американските медиуми доколку остане и следната сезона Антиќ ќе има загарантирана плата од 1,25 милиони долари годишно, а доколку се случи да потпише нов едногодишен договор, односно да остане и во сезоната 2015/2016 неговата плата би се покачила на 1,56 милиони долари годишно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа