Девојката која јадеше само банани во бременоста роди здраво бебенце
Се сеќавате ли на 26-годишната Австралијанка Лони Џејмс Ентони која рече дека во текот на својата бременост ќе јаде само банани? Па, таа на свет донесе здраво бебенце!
- Се здебелив 17 килограми. Денот по породувањето намалив 10 килограми. Се вратив на јогата и возењето велосипед, па и онака не можете се да постигнете сами. Јадев само банани и не накачив многу килограми, бидејќи водев здрав живот, вели мајката.
Таа го роди своето синче, живо и здраво, со 3,9 килограми.
08.04.2014 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа