Скопските средношколци ќе го одбележат Меѓународниот ден на спортот
Во спортската сала на СУГС „Здравко Цветковски“, денеска ќе се одиграат натпревари од четвртото коло во групата Б од средношколската кошаркарска лига на Град Скопје во женска конкуренција, меѓу екипите на СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Панче Арсовски“. Натпреварите се одржуваат по повод Меѓународниот ден на спортот.
Според најавите, на натпреварите ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, а во текот на денот, по повод Меѓународниот ден на спортот 6-ти Април, ќе се одржат и неколку ревијални натпревари во кошарка, мал фудбал и во одбојка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа