Сите во Веро центарот: Чоколадо ќе тече од сите страни
Во трговскиот центар Веро, од денеска до 13. март ќе се одржува втората манифестација „Чоколадна земја“. Манифестацијата ќе понуди над 1.000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители како и чоколади со различни вкусови и разни додатоци.
Посетителите ќе можат да дегустираат и да ги искористат промотивните цени на чоколадите. Манифестацијата ќе понуди и програма за најмалите.
Учествуваат 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо: Мако Маркет со брендот Мое колаче, Краш, Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови.
Чоколадото е познато по тоа што има многубројни физиолошки ефекти врз телото (се поврзува со нивото на сератонин во мозокот). Опфаќа голем број сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво, чие горчливо семе се пече и ферментира.
Чоколадото што денес се произведува е комбинација од семе на какао, маснотии, шеќер и други состојки што имаат точка на топење малку помала од телесната температура, а различните вкусови на чоколадото се добиваат со мешање на различни количини од различни состојки или со менување на времетраењето на температурата на печење на зрната.
Потеклото на зборот „чоколадо“ најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, а во македонскиот јазик влегол преку шпанскиот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа