“Дигале“ автомобили пустошеле фирми - седум деца правеле “парче“ во центарот на Скопје

 

Скопската полиција приведе седуммина малолетници кои се осомничени дека во периодот од 26. ноември 2013 до 4 февруари годинава извршиле 12 тешки кражби во Центар. Малолетните крадци опустошиле 11 фирми и една куќа.

Малолетниците провалувале во просториите, пребарувале и краделе пари, техничка стока и прехранбени производи. Потоа го продавале пленот на трети лица и  добиените пари си ги трошеле за свои потреби.

Дел од украдените предмети  биле пронајдени во домовите на малолетниците - пет лаптопи, пет куќишта од компјутери, два ЛЦД монитора, еден ЛЦД телевизор, еден ДВД плеер и звучници, кои ќе им бидат вратени на оштетените сопственици.

Според полицијата, оваа банда била вмешана и во други пет кражби на автомобили, а во тек е докажување на нивна инволвираност и во други тешки кражби. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МВР информира дека малолетниците и се познати на полицијата и повеќе пати се кривично пријавувани за сторени кривични дела  од областа на имотните деликти. 

09.02.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега