Десетмина повредени во сообраќајки во Скопје

 

Во изминатите 24 часа на скопските улици се случиле десет сообраќајни несреќи од кои две се со последици тешки телесни повреди, во три има материјална штета и пет се со последица телесни поведи.

Во сообраќајките полесно се повредени четворица возачи на моторно возило и двајца пешаци, а тешки телесни повреди заработиле еден пешак, еден возач на моторно возило и двајца сопатници.

Се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден открила и санкционирала седум неисправни возила кои се исклучени од сообраќај, 15 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола, 12 возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, 15 возачи кои не го користеле сигурносниот појас, 13 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата, пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.Пет од нив се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни заработиле и петмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Владо Тасевски и ОУ „Димо Хаџи Димов““ кои се наоѓаа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

06.02.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега