Скопјани ќе добијат модерен ски-центар на Водно
Скопје набрзо ќе добие модерен ски-центар на Водно, а договорниот орган АД Електрани на Македонија Скопје преку електронскиот систем веќе го обајви тендерот за изградба.
Инвеститорот ќе биде должен да изгради четири ски-патеки на Водно кои ќе се наоѓаат од Крстот кон Нерези со вкупна должина од 3850 метри.
Обврзувачки за истиот ќе биде и изградбата на три ски-лифта со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха кои вкупно ќе бидат долги 160 метри. Во рамки на скијачкиот комплекс се планира и изградба на ресторан од 200 квадратни метри и една административна зграда од 240 квадратни метри во која ќе има ресторан, ски-рента и ски-школа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа