Еден загинат, 21 повреден - крвав викенд во Скопје

 

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје се случиле 24 сообраќајни незгоди, во кои едно лице загинало, а 21 биле повредени. 

Во петокот се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет со последица материјална штета и две со последица телесни повреди. Полесни повреди заработиле две лица, еден возач на моторно возило и еден пешак. Се случила уште една несреќа во која повреди заработил пешак.

Се случиле и две незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Во саботата, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои полесни повреди заработиле четири лица. Скопје го потресе и една страотна несреќа, која  се случи во саботата во 21 часот на крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“. Во незгодата учествуваа три моторни возила „фолксваген голф“, „фолксваген пасат“ и „југо скала“, сите со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во несреќата загина возачот од патничкото возило „југо скала“, а осум лица беа повредени. 

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, во саботата се случила и една незгода со мала материјална штета во која бил пополнет Европскиот извештај.

Вчера се случиле вкупно осум сообраќани незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и четири со последица телесни повреди во кои повредени биле шест лица.

 

 

03.02.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега