Доделени ваучери за 48 новороденчиња од Кисела Вода

 

Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ  денеска на 48 новороденчиња од општината им додели ваучери во вредност од 6000 денари.

- И во оваа календарска година, продолжуваме со традицијата за јавно доделување ваучери за еднократна парична помош во висина од 6.000 денари на семејствата кои имаат принова. Ова говори дека нашата цел, полека но сигурно, се исполнува. А тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејства со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, рече Беличанец-Алексиќ, додавајќи дека за речиси една година се доделени 278 ваучери.

Ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, а исплатата на паричните средства се врши по подигнувањето на ваучерот од страна на родителот.

01.02.2014 - 13:31
Фото: 
журнал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега