Србија се подготвува за предвремените избори

 

Предвремените парламентарни избори во Србија ќе ги чинат даночните обврзници 1,14 милијарди динари (околу 10 милиони евра. 

Тоа е износот одвоен во четвртокот од страна на Владата во Белград.

Средствата ќе бидат преведени на сметката на централната изборна комисија на републиката.Политичките партии кои ќе учествуваат во изборната кампања, ќе добијат од буџетот 802 милиони динари (околу 7 милиони евра).

На 29 јануари претседателот на Србија Томислав Николиќ потпиша указ за распуштање на Собранието (Парламентот на Србија) и го одреди датумот 16-ти март за изборен. Во Белград ќе се гласа и за локални власти.

Минатиот вторник српската влада упати кон државната глава официјално барање, искажувајќи ја  потребата од спроведување на избори со желбата да се “обезбеди најширока можна политичка поддршка за реформите и модернизацијата на општеството од страна на граѓаните”.

Најактивно за изборите се бореше Српската напредна партија на чело со Александар Вучиќ, кои влегуваат во владината коалиција заедно со Српската социјалистичка партија. Прашањето за предвремени избори беше ставено поради значителните несогласувања меѓу коалициските партнери, што го успорува спроведување на неопходните реформи на земјата.

Српскиот претседател Томислав Николиќ отворено повика на освојување на претстојните парламентарни избори во земјата од Српската напредна партија (СНС), како и за тоа водачот да има можност да застане на чело на владата.

 

 

31.01.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега