Стартува реконструкција на пеплосаните куќи во Циглана
Стартува реконструкцијата на дел од опожарените куќи во населбата Циглана, за што Владата издвои 14 милиони и 600 илјади денари, Градот Скопје два милниони и 400 илјади денари и општната Бутел еден милион и 440 илјади денари, информираше вчера заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, одговарајќи на пратеничко прашање во македонското СОбрание.
-Агенцијата за стенбени простории започнува со реконструкција на седум од опожарените куќи, а останатите 17 ќе бидат реконструирани веднаш откако ќе заврши тендерската постапка објавена од страна на општината Бутел, истакна Ибрахими.
Тој информираше дека тендерската постапка е отворена до 10 февруари 2014 година, додавајќи дека луѓето кои останаа без покрив над глава по страотниот пожар кој избувна ноќта на 7 спроти 8 декември минатата година, по реконструкцијата ќе добијат подобри услови за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа