„Дојче Телеком“ ќе инвестира 1,2 милијарди евра во Грција
Кабинетот на грчкиот премиер Андонис Самарас по неговата средба со првите луѓе на компанијатана „Дојче Телеком“ соопшти дека во следните четири години компанијата планира да инвестира 1,2 милијарди евра во Грција.
На средбата било разговарано за стратегијата за развој на „Дојче Телеком“ во глобални рамки, со посебен акцент на инвестициските проекти во Грција.
Самарас со раководството на „Дојче Телеком“ разговарал и за можностите за преструктуирање на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ, чиј мнозински сопственик е германскиот гигант.
31.01.2014 - 09:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа