Земјотреси на Пелопонез и во Коринскиот Залив
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер синоќа е регистриран во реонот на Пилос, на грчкиот полуостров Пелопонез.
Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од Пилос и 194 километри југозападно од Атина.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.
Во исто време регистриран е земјотрес од 3,8 степени во Коринтскиот Залив
30.01.2014 - 09:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа