Маглата повторно прави проблеми: Откажани и задоцнети летови на „Александар Велики“
Поради појава на магла, воздушниот сообраќај утрово се одвива со задоцнување.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ со задоцнување се реализирани утринските летови за Дортмунд и Загреб, а откажани се летовите за и од Истанбул.
Маглата предизвика намалена видливост до 50 метри на патните правци Тетово-Скопје, Велес-Штип, Неготино-Градско, Кула-Катланово и Катланово-Велес.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања, по претежно влажни коловози.
Железничкиот сообраќај се одвива без проблеми.
30.01.2014 - 08:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа