Студеното време зема четири жртви во Бугарија

 

Загинаа четири лица  во студениот бран проследен со обилни снежни врнежи и силен ветер, што ја зафати Бугарија.

76-годишен  маж загина, откако се заглавил во снежен нанос во селото Повет во близина на бугарско-турската граница. Уште три мажи починале од студ изминатите два дена во села во источна Бугарија.

Властите  денеска соопштија дека поради тешките временски услови неколку десетици села во источна Бугарија останале без струја и вода.

Многу патишта се затворени за сообраќај, додека спасувачките тимови се обидуваат да достават резерви храна во зафрлените села. Неколку стотици училишта не работат.

Црноморското пристаниште Варна е затворено поради силниот ветер.

29.01.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега