Ликот на премиерот се појавил на фреска во Соборниот храм

 

На ктиторската фреска во храмот „Воскресение Христово“ во Подгорица насликан е лик кој наликува на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, јави Танјуг.

Свештеникот од црквата Велибор Џомиќ ниту потврдува, ниту демантира дека станува збор за актуелниот премиер на Црна Гора.

- Постојат луѓе кои во еден лик на ктиторската фреска го препознаваат Ѓукановиќ, а други не. Тоа е разбирливо бидејќи фреските покрај својата сакралност, имаат и уметнички израз, така што не е чудно да се случи некому едно дело да го набљудува на еден, а некој друг на сосема поинаков начин, изјави Џомиќ.

Тој ги повика сите кои ги интересира дали на фреската се наоѓа и ликот на Ѓукановиќ, да дојдат во Соборниот храм „Воскресение Христово“ и сами да се уверат.

- Во секој случај граѓаните имаат загарантирано право на сопствено доживување, истакна свештеникот, притоа додавајќи дека е „општо познато оти Владата на Црна Гора е голем добротвор на храмот во Подгорица“.

29.01.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега