Измамен Кемал Монтено - легендата остана без пари за трансплантација на бубрег

 

Легендарниот пејач Кемал Монтено се уште чека да му биде трансплантиран бубрег бидејќи парите кои требало да ги добие од концерт за своето лечење, завршиле во рацете на неговиот менаџер.

Според податоците од српскиот Курир, по настапот "Се вратив животе" во Сараево кој бил направен за легендарниот пејач да собере пари за своето лекување, Монтено добил само 4000 евра од својот менаџер, со објаснување дека најголемиот дел од парите биле дадени за да се покријат трошоците.

- Немав никаков договор, ме измамија. Кога е Сараево во прашање сигурно нема во скоро време таму да настапам. Ме оштетија од сите страни, а се работи за пари за лекување, вели Монтено.

Инаку, на концертот имало 18.000 луѓе, а најевтината карта чинела 20 евра, што значи дека пејачот заработил околу 360.000 евра, а закупот на просторот е помал од третина од сумата.

29.01.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега