Пајакот “лапна“ 89 автомобили низ Скопје

 

Сообраќајната полиција вчера казнила четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив тројца возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни си заработиле и седум возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Вера Циривири Трена“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

29.01.2014 - 09:10
Фото: 
puls24.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега