Средношколец застрелан во ходникот на училиштето
Еден ученик е убиен денеска во претпладневната смена во средното техничко училиште „Архитект Синани“ во Косовска Митровица.
- Убиството се случило во ходникот на училиштето. А.С. (20) бил смртно застрелан од свој соученик. Двајцата учеле во иста паралелка. Сторителот на убиството е уапсен. Мотивите се уште не се познати, изјавил полицискиот портпарол Авни Захити.
Градоначалникот на Косовска Митровица, Агим Бахтири веднаш пристигна во училиштето и по средбата со директорот изјави дека овој „трагичен настан“ ги погодил сите, најавувајќи преземање мерки во училиштата со цел „ученииците да учат, а не да бидат жртви“.
- Заедно со полицијата ќе се организираме за поголема безбедност во училиштата, изјави Бахтири.
Денешното е второ убиство во училиште во Косово овој месец. На 9 јануари пред училиштето „Емин Дураку“ во Приштина беше убиено 14-годишно момче, а негов сочуеник беше тешко ранет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа