Конфискуваните пари од криминалците ќе завршат во здравството и образованието

 

Грција ќе користи средства конфискувани од криминални активности за инвестирање во здравството и образованието.

Грчкиот заменик-министер за финансии Христос Стакурас изјави дека 17,6 милиони евра конфискувани средства, ќе бидат одвоени на нова банкарска сметка и ќе се користат за социјални активности, меѓу кои за обука на слепи лица, за сместување на социјално загрозени студенти и за лекување на невработени без здравствено осигурување.

Стотици илјади невработени Грци се со нерегулирани здравствени права поради финансиската криза.

28.01.2014 - 18:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега