Србија оди на предвремени избори

 

На денешната седница  владата на Србија донесе одлука да му предложи на шефот на државата Томислав Николиќ да го распушти Народното собрание и да распише предвремени парламентарани избори.

По владината седница српскиот премиер Ивица Дачиќ и првиот вицепремиерот Александар Вучиќ заминаа кај Николиќ со цел лично да му го предадат лично предлогот.

“Со цел да се создадат услови за изјаснување на граѓаните за идната насока на државната политика и за добивање поширока општествена поддршка за забрзани реформи и модернизација на општеството, предлагаме Народното собрание да се распушти, да се одржат нови парламентарни избори и согласно волјата на народот да се избере нова влада”, се наведува во образложението на предлогот до претседателот Николиќ за распуштање на

По добивањето на предлогот Николиќ има рок од 72 часа да ги распише изборите. Но, доколку сака тие да се одржат на 16 март, кога се закажани и изборите за градоначалник на Белград, шефот на државата треба да ги распише најдоцна до утре.

28.01.2014 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега