За десет дена ќе се знае од што починала жирафата Орка
Миленикот на посетителите на скопската Зоолошка градина, жирафата Орка, починала синоќа во 9 часот. Како што информираат од скопската Зоолошка градина, надлежните ветеринарни институции биле веднаш известени, а анализите за ненадејната смрт на жирафата ќе бидат готови и соопштени во период од седум до десет дена.
Во соопштението од ЗОО Скопје стои дека Орка не е единствена жирафа во зоолошката градина и дека со донација на Фондација Илија Камчев пристигнати се три нови жирафи кои требало да бидат изненадување за посетителите.
За потсетување, Орка во ЗОО пристигна во септември 2012 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа