ГРОМ-от на Јакимовски ќе го поремети сообраќајот во Скопје
Поддржувачите на ГРОМ во недела ќе го пореметат сообраќајот во Скопје.
Како што информираат од полицијата, во недела со почеток во 17 часот во Универзалната сала ќе се одржи Основачко собрание на Младинскиот форум за граѓанската опција за Македонија ГРОМ. Место на собирање на граѓаните ќе биде на булеварот „8 Септември“ пред и после крстосницата со булевар „Партизански одреди“ каде се очекува со моторни возила да пристигнат поголем број на граѓани од Скопје и од внатрешноста. За време на движењето на граѓаните по бул. „Партизански одреди“ во Карпош 3 према Центар сообраќајот ќе биде пренасочен на потегот од крстосницата „8 Септември“ па се до Универзалната сала, а додека правецот од Центар према Карпош 3 по бул. „Партизански одреди“ сообраќајот ќе се одвива нормално.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа