Пијани возачи „летале" на скопските улици - седум сообраќајки за едно деноноќие

 

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои две поминале само со материјална штета, а во три имало повредени тројца возачи на автомобили, тројца сопатници и еден мотоциклист. 

Во текот на вчерашниот ден биле откриени и санкционирани и 25 пешаци кои не поминале улица на пешачки премин и петмина пешаци поминале на црвено светло на семафорите. Четворица возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека 27 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. 13 возачи се движеле со возилата со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и седуммина возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Во текот на викендот е најавен еден вонреден настан. Во недела со почеток во 17 часот во Универзалната сала ќе се одржи Основачко собрание на Младинскиот форум за граѓанската опција за Македонија ГРОМ. Место на собирање на граѓаните ќе биде на булеварот „8 Септември“ пред и после крстосницата со булевар „Партизански одреди“ каде се очекува со моторни возила да пристигнат поголем број на граѓани од Скопје и од внатрешноста. За време на движењето на граѓаните по бул. „Партизански одреди“ во Карпош 3 према Центар сообраќајот ќе биде пренасочен на потегот од крстосницата „8 Септември“ па се до Универзалната сала, а додека правецот од Центар према Карпош 3 по бул. „Партизански одреди“ сообраќајот ќе се одвива нормално.

24.01.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега