Поништен тендерот за земјиштето кај НБРМ продадено за евро по квадрат
Поништен е тендерот на кој за 71 денар за метар квадратен беше продадено земјиште спроти НБРМ, кај „Џамбо Веро“ во Скопје. Како што велат од Министерството за транспорт и врски, тендерот го поништиле бидејќи во меѓувреме, три лица се пријавиле дека поседуваат дел од земјиштето, објавува Телма.
Земјиштето со површина од 2855 м2, минатата недела беше продадено на тендер за 71 денар за метар квадратен. Продажбата предизвика реакции од страна на Општина Центар поради ниската цена.
23.01.2014 - 14:13
Фото:
НОВА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа