Полицијата улови тројца скопски дилери

 

Скопјаните Р.Р. (29) А.Л. (25) и М.Ж. (24) си заработија кривични пријави поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Р.Р. и А.Л. добија 30 дневен притвор, додека М.Ж. заработи куќен притвор.

Според информациите од МВР, Р.Р. и А.А. на 19-ти јануари купиле два килограми марихуана од скопјанец и ја препакувале за продажба. А.Л. го однел својот дел во домот на М.Ж. каде се криел бидејќи по него била распишана потерница за трговија со дрога.

Откако полицијата наслушнала како стојат работите, го начекала А.Л. во близина на домот на Р.Р. во населбата Карпош и кај него пронашле вага со остатоци од марихуана. Откако го привеле А.Л. полицијата извршила претрес во домовите на Р.Р. и М.Ж. каде се пронајдени 830,60грама марихуана.

Како што информираат од полицијата, против Р.Р. и А.Л. од 2010 до 2013 година се поднесени четири кривични пријави за вкупно 12 кривични дела, а од надлежен суд им се изречени вкупно пет условни пресуди.

23.01.2014 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега