Од денеска Универзалната сала се вика Тоше Проески

 

Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на градоначалникот Kоце Трајановски, Универзалната сала да го носи името на нашата најголема македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Како што објави Дневник, иницијативата на таткото на Град Скопје била едногласно усвоена.

Пред неколку денови Трајановски предложи Универзалната да го носи името на трагично загинатата ѕвезда бидејќи како што образложи,  Проески досега е нашата најголема музичка ѕвезда, популарен и во балкански рамки, кој оставил неизбришлива трага на домашната музичка сцена и допрел многу генерации негови почитувачи.

За потсетување, универзалната сала освеш што добива ново име, исто така го менува и изгледот. Ќе се гради нов објект во форма на јајце со двојно поголем капацитет од 2.500 до 3.000 седишта, со мала сала и простории за администрацијата. 

23.01.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега