Булеварот Партизански одреди "се дави" во вода
На улицата Партизанска во Скопје синоќа дошло до поплава на дел од булеварот откако пукнала водоводна цевка.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека водата е запрена околу 6 часот утринава и оти нивните екипи се на терен и работат на остранување на дефектот, пренесе МИА.
Бидејќи станува збор за поголем дефект, се очекува намален притисок на вода да имаат жителите на улицата „Ленинова“ и дел од булеварот „Партизански одреди“.
19.01.2014 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа