Продадени уште 14 парцели за куќи во Илинден
На првото електронско јавно наддавање во 2014 година, Општина Илинден продаде нови 13 градежни парцели за изградба на семејни куќи за индивидуално домување.
Продадена е и една парцела наменета за групно домување, која се простира на 2.872 метри квадратни во локалната економска зона „Ограѓа“ на влезот на општината.
Градежните парцели за изградба на семејни куќи, се наоѓаат во населбата Јака, која е на само 10 километри од центарот на главниот град. Јака се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир. Парцелите се со поединечна површина од 400 до 500 метри квадратни.
Досега се продадени 261 градежна парцела, а според урбанистичкиот план за локалитетот Јака, слободни останаа уште 82 градежни парцели.
Паралелно со објавите на електронските јавни наддавања општина Илинден работи и на изградба на комплетната инфраструктура за новата населба. Веќе е изграден нов мост што ја поврзува општината со населбата, а реконструирана е и улицата „406“ што води кон Јака.
Во тек е и изборот на четири најповолни идејни проекти за станбени објекти, согласно кои ќе се изработат и основни проекти, кои бесплатно ќе им бидат понудени на сите оние што во електронските наддавања обезбедија парцели за изградба на семејни куќи во општина Илинден
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа