Пајакот направил „парче“ низ Скопје
Сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите 24 часа изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета и три се со последици телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Сообраќајната полиција вчера спроведе општа контрола на возилата и возачите. Во оваа насока санкционирани се девет неисправни возила и 10 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Што се однесува до возачите, преземени се 33 мерки од кои деветмина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, 11 возачи не го користеле безбедносниот појас, 13 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Преземени се и мерки против деветмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстрани 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на превентивните активности денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира сообраќајна поука, која ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ со почеток во 19 часот. На сообраќајната поука ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои со возилата непрописно се престроиле пред крстосница, што не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движењето.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа