Уапсен познатиот грчки бизнисмен Контоминас
Во големата полициска акција за случајот на незаконско земање заеми од Постбанк која ја стресе Грција, минатата ноќ во Атина и Солун се уапсени три лица меѓу кои и бизнисменот и сопственик на Алфа ТВ, Димитрис Контоминас.
Инаку, Костоминас и е познат на македонската јавност по бизнис-зделки во земјава, а е сопственик и на голем плац на централниот плоштад во Скопје.
Освен него во случајот се издадени и седум потерници за апсење, а обвинети се и 25 лица.
11.01.2014 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа