Готовина е на „црната листа“ но сепак соработува со САД?
Пензионираниот хрватски генерал Анте Готовина кој неодамна беше ослободен од ХАГ, води правна битка со американската администрација барајќи да биде симнат од „црната листа“ на Стејт департментот.
Според податоците од хрватските медиуми, тоа е необично бидејќи фирмата „Пелагос нет фарма“ во сопственост на генералот Готовина, за над 393 илјади евра купила брод за ловење туна од Алабама. Сепак, Анте вели дека поради листата трпи големи економски штети.
Инаку, Готовина беше ставен на оваа црна листа во 2003-тата година.
10.01.2014 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа