Дел од Аеродром и Ново Лисиче утре без вода

 

Корисниците од високата зона од населбите Аеродром и Ново Лисиче утре од 9 часот ќе бидат без вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на улицата „Христо Татарчев“, пред ЈП „Улици и патишта“-Скопје. Корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот.

Поради уличен дефект, утре без вода од 9 часот се до санирање на дефектот ќе останат и дел од жителите лоцирани на улиците „Борка Талески“, „Ленинова“ и „29-ти Ноември“.

09.01.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега