ФОТО: Основното училиште „Мирче Ацев“ ќе добие нови влезни скали
Последниве неколку години во основното училиште „ Мирче Ацев“ беа променети сите прозорци и врати, реконструирани беа сите санитарни јазли, изградени беа две нови училници , реконструирана беше училишната кујна, воведени беше штедливи сијалици и сменет беше поголемиот дел од училишниот мебел и подовите во училниците, информираат од Ѓорче Петров.
Деновиве започна реконструкцијата на скалите на главниот влез во училиштето на кои не е превземена никаква интервенција од 1968 година. Скалите ќе бидат армирано-бетовнски а изведена е и пристапна рампа до влезната врата. Дотраеноста на скалите претставуваше опасност за децата и вработените. Деновиве ќе започне и поставување на павер елементи на задниот влез од училиштето, околу спортската сала . Ќе бидат поплочени 295 м2.
-Средствата во висина од 370 илјади денари за иведба на првиот дел од проектот ги обезбеди општината Ѓорче Петров од буџетот. ги обезбеди општината и тие изнесуваат 320 000 денари. Работите ќе завршат пред почетокот на второто полугодие, се вели во соопштението од Ѓорче Петров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа