Албанската и косовската влада во сабота на заедничка седница

 

На 11. јануари во Призрен ќе се одржи неколку пати одложуваната заедничка седница на владите на Албанија и на Косово.

На седницата, како што најави косовскиот премиер Хашим Тачи, ќе бидат донесени неколку значајни одлуки за продлабочување на соработката во  економијата   како и на полето на европската интеграција.

- Исто така, ќе одлучиме за моделот за формирање развоен фонд за Прешевската Долина. Нашата соработка во иднина ќе биде поструктуирана. Целиме кон наши заеднички цели и стратегии од витален  интерес, изјави Тачи.

Најавувајќи ја седницата за втората недела од јануари деновиве неговиот абански колега изјави дека од посебно значење е „издвојувањето фонд за Албанците во Прешевската Долина, што ќе значи реализација на ветувањето да им се излезе на помош на Албанците кои живеат таму“. 

07.01.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега