Вриело од ќеси шишиња и хартии на улиците - собрани 60 тони отпад направен за најлудата ноќ во годината
На први јануари од сите општини се собрани 60 тони мешан отпад кој бил направен за време на најлудата ноќ во годината. Преполни канти, ќеси, шишиња, хартии и други отпадоци можеа да се пронајдат на плоштадот Македонија по забавата за Нова Година, пренесува Нова Македонија.
- Во делот кај Мал ринг беа собрани 17 кубни метри отпад, каде што интервенирале работници-метачи и имаше три возила од 4 часот наутро, изјавува за Нова Македонија Ана Марија Бранѓолица од ЈП „Комунална хигиена“.
Во Дрисла по прославата за само еден ден се пристигнати 180 тони ѓубре: - Овој отпад е собран на први јануари и екипите од ЈП „Комунална хигиена“ беа излезени цел ден и ноќ на терен, велат од „Дрисла“.
Дежурните екипи на ЈП Комуналец веднаш интервенирале за расчистување на сметот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа