Хаос во општина Центар: Жерновски остана без комплетниот кабинет
Без работа останаа 32 лица привремено вработени во општина Центар откако агенцијата преку која беа вработени ја загуби лиценцата. Жерновски остана без својот комплетен кабинет, а нема ниту секретарка.
„Обезглавени се повеќе сектори, а градоначалникот Андреј Жерновски останува без својот комплетен кабинет, помошници раководители на сектори, секретарка. Општината ќе биде блокирана, бидејќи од денеска не се на работа и лица кои се примени од претходното раководство, а работеа на просторно уредување и планирање, осветлување, зеленило. Од денеска нема кој да ја одржува и хигиената, бидејќи и хигиеничарките остануваат без работа, а на улица е и одговорното лице за народната кујна во Маџир Маало“ - соопштија од општина Центар.
Најголем дел од овие 32 вработени во општина Центар дојдоа заедно со Жерновски. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвинуваше дека станува збор за партиски вработувања на кои Жерновски им дал предност пред изградбата на градинка во општината која ја вети пред изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа